Црква „Св. Димитриј“ - Преод

црква во селото Преод From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Преодmap
Remove ads

Свети Димитриј — главна селска црква во селото Преод.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото, во предел со обрасната шума.

Историја

Не е познато кога црквата била изградена и од кого е осветена, но на рамката од нишата над влезната врата е испишана 1871 година. Според други извори, црквата била обновена во 1877 година.[2] На северната страна е запишанодека храмот бил реновиран во 1999 година. Иконите и фрескоживописот биле изработени исто така во 1871 година од страна на Коста Зограф и непознати мајстори најверојатно од кратовска тајфа.[3]

Remove ads

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната стана. На западната страна има припрата којашто води до главната влезна врата. Над главниот влез има празна ниша на чијашто рамка веројатно е запишана годината на изградба на црквата. Храмот има и спореден влез којшто се наоѓа на северната страна. На северната и јужната страна има по еден правоаголен прозорец со решеткава преграда. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени помошен објект и селските гробишта.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads