Црква „Св. Димитриј“ - Путурус
црква во селото Путурус From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Путурус.[1] Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна местоположба во однос на остатокот од селото.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во 1880 година.[2]
Еден дел од црквата бил обновен пред околу сто години.[3]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а на јужната страна има спореден влез. Над обата влеза има ниша со фреска. Објектот во целост е обоен во бела боја со исклучок на цоклето, рабовите и рамките околу влезните врати кои се бледосини.
Во дворот на манастирот се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се наоѓа од левата страна пред главниот влез на црквата. Таа има квадратна основа и нејзиниот влез е од јужната страна.
Remove ads
Галерија
- Западната страна на црквата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads