Црква „Св. Димитриј“ - Смиланци
црква во селото Смиланци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Смиланци.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена во јужниот дел од селото, на десната страна од Смиланска Река.
Историја
Нема точни податоци за тоа кога црквата започнала да се гради, кога била изградена, како и кога и од кој архијереј била осветена. Сепак, се претпоставува дека изградбата и осветувањето биле по 1920 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Во средишниот дел на апсидата има ниша во којашто е впишан крст. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има крст и празна ниша, а црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Автор на иконите во црквата е познатиот зограф Гаврил Атанасов, а тие се сметаат за едни од неговите најдобри дела.[3]
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, трпезарија, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна дрвена конструкција во облик на пресечен конус којашто е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Крст и ниша над главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Ниша со впишан крст на апсидата
- Камбанаријата
- Трпезаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
- Камбанаријата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads