Црква „Св. Димитриј“ - Средно Егри

црква во Средно Егри, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Средно Егриmap
Remove ads

Свети Димитриј — селска црква во битолското село Средно Егри, Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село.

Историја

Црквата веројатно е доцносредновековна и била енориски храм на селото сè до почетокот на XIX век. Потоа, по изградбата на „Св. Архангел Михаил“ храмот бил запустен. Во средината на XX век е возобновен. Во него се зачувани вредни внатрешни украси, заклучно со царски двери од крајот на XVI до почетокот на XVII век.[1] Царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската школа.[2]

Истражувачот Јован Трифуноски не спомнува за постоењето на црквата од средниот век, туку само дека била подигната во 1911 година. Неколку години подоцна, за време на Првата светска војна, црквата била значително оштетена и до истражувањата на Трифуноски во 1950-тите години била напуштена.[3]

Бидејќи селото Средно Егри било поделено на влијанија на Патријаршијата и на Егзархијата, оваа црква била во служба на егзархистите.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads