Црква „Св. Димитриј“ - Струмица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Црквата Св. Димитриј — поранешна патријаршиска црква која се наоѓала во градот Струмица, Македонија.

Кратки факти Св. Димитриј Солунски, Место ...

Историја

Црквата била изградена во текот на 19 век и била под контрола на Цариградска патријаршија, и претставувала седиште и соборна црква на грчкиот митрополит. Во близина на црквата се наоѓало грчко училиште. Во 1869 година градот Струмица бил зафатен од пожар, во кој настрадала и самата црква[1]. Црквата во следните години била обновена. Еден изворен податок сведочи дека за нејзиното обновување биле потрошени околу 4.000 турски лири, „собрани од струмичкиот христијански народ“[2].

По крајот на Балканските војни, градот Струмица бил опожарен од страна на грчките сили, кои пред да се повлечат од градот меѓу другото ја опожариле и самата црква.

Во 1922 година црквата била целосно разрушена. Денеска, на нејзините темели се наоѓа ОУ „Маршал Тито“.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads