Црква „Св. Илија“ - Братиништа

црква во Братиништа, Берско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Илија (грчки: Ναός Προφήτη Ηλία) — поранешна црква во селото Боштани, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Кратки факти Свети Илија, Место ...

Црквата е сместена на околу 500 м од селото.[1] Градбата претставува еднокорабен храм со двоводен дрвен покрив. Направена е од проста ѕидарија, изработена од месен камен. Апсидата има тесен отвор за проветрување. Внатрешноста е украсена со живопис, кој според натписот датира од 1734 г. Иконостасот е обичен, а подот е покриен со мермерни плочи.[1] Црквата претрпела интервенции низ годините; покривот и ѕидовите се сменети во непознат период.[2]

Во 1969 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]

Кон крајот на XX век храмот бил во многу лоша состојба.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads