Црква „Св. Илија“ - Бунеш

црква во селото Бунеш From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Бунешmap
Remove ads

Свети Илија — главна селска црква во селото Бунеш.[1] Црквата се наоѓа на влезот од селото, на левата страна од патот.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Според натписот над влезната порта, може да се заклучи дека црквата била изградена некаде околу 1885 година.

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во задниот дел. Изградена е од камен и тули, а целата градба е покриена со кров од ќерамиди. Над дрвената влезна врата има стар натпис на камен во кој се споменува името на ктиторот и годината на изградба. Од левата страна на црквата е прилепена пониска градба, во којашто е сместена трпезаријата. Дворот на црквата е ограден со камена ограда, при што од аголот веднаш од десната страна на влезната порта се издига камбанаријата. Нејзината основа е квадратна, од страните е отворена, додека од предната и задната страна е оградена со каемената ограда на црквата односно камен бедем изграден во дворот на црквата. Камбанаријата е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads