Црква „Св. Илија“ - Давидово

црква на Давидовскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Давидовоmap
Remove ads

Свети Илија — манастирска црква на Давидовскиот манастир, во непосредна близина на истоименото гевгелиско село, во јужниот дел на Македонија.[1][2]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата се наоѓа на рид во непосредна близина на селото, која доминира во Валандовското Поле.

Remove ads

Местоположба

Црквата е подигната на рид до селото.

Историја

Црквата е изградена во 1937 година. Според преданието, на местото на денешниот манастир, во периодот меѓу двете светски војни била изградена мала црква наречена „Св. Илија“. Таа во 1945 година била обновена и проширена, па целиот комплекс прераснал во манастир.[2]

Архитектура

Градбата на манастирската црква според својот облик е трикорабна, чија покривна конструкција е изградена на две води и во внатрешноста завршува со рамни дрвени тавани. На покривот на црквата се вградени шестострани куполи, од кои едната е во средишниот дел на покривот, а другата во југозападниот агол. Храмот има малтерисана фасада, со покрив од ќерамиди. На јужната страна има отворен трем - натстрешница, а на југоисточната страна од храмот има камбанарија со железна конструкција, со покрив од плех.[2]

Поврзано

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads