Црква „Св. Илија“ - Мирковци
црква во Мирковци, Скопско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Илија Долни — црква во скопското село Мирковци, Општина Чучер-Сандево, храм на Чардачкиот манастир. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена на падините на Скопска Црна Гора, јужно од Мирковци и источно од Глуво. Се наоѓа во месноста Чардак, поради што манастирот е наречен Чардачки. До оваа црква е сместена и црквата „Св. Богородица“. Иконостасот е дело на видниот живописец Нестор Алексиев Мирчевски.
Remove ads
Историја
Според Георги Трајчев, црквата е изградена е во 1879 г. од монахот Софрониј, родум од Мирковци, на својот личен имот и ја ставил под јурисдикција на Бугарската егзархија на која ѝ служел. Намерно ја нарекол „Св. Ѓорѓи“ со цел да ги одвлече посетителите на истоимената манастирска црква во Бањане, која била под раководство на српската (патријаршиска) струја.[1]
Почнувајќи од 1905 г. српската струја почнала да навлегува во службата и управата и на мирковската црква, што предизвикало бурни реакции. Така, борбата помеѓу двете пропаганди продолжила ожесточено до самиот крај на отоманската држава.[2]
Remove ads
Поврзано
- Чардачки манастир
- Северноскопско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads