Црква „Св. Илија“ - Радово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Радово
Remove ads

Црквата „Свети Пророк Илија“ — католички храм кој се наоѓа во Радово, Општина Босилово.

Кратки факти Св. Илија, Место ...

Историја

Еноријатата „Св. Илија“ претставува продолжение на еноријата Св. Илија во село Алексово, денешна Грција, од каде се доселиле најголемиот број на унијатски верници во Радово. Радовската енорија била основана веднаш со пристигнувањето на бегалците од Егејска Македонија. Заедно со нив во селото како бегалци пристигнале и свештениците Ѓорѓи Стојанов и Стојан Пецев. Стојанов со поголемиот дел од верниците заминал во селото Секирник каде ја основал црквата „Св. Никола“, додека во Радово должноста парох ја извршувал до 1916 година Стојан Пецев, кога истата била преземена од свештеникот Неделко Стојчев. Стојчев на таа позиција се задржал до 1918 година кога целиот Струмички крај паднал под српска власт, а самиот свештеник бил протеран.

Remove ads

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads