Црква „Св. Илија“ - Сулдурци
црква во селото Сулдурци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — главна селска црква во селото Сулдурци.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.
Историја
Црквата била осветена на 14 ноември 2010 година со света божествена литургија со која чиноначалствувал Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[2]
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Влезот се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена припрата, а над влезната врата има полукружна ниша со фреска на којашто е насликан Свети Илија. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, трпезарија, бунар и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и претставува примитивна железна конструкција покриена со пирамидален кров. Сместена е нпосредно од десната страна од влезот во дворот на црквата.
Галерија
- Поглед на дворот на црквата
- Поглед на црквата
- Црквата со патот
- Влезот
- Куполата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Трпезаријата
- Бунарот
- Поглед на црквата со сретселото
- Натписната плоча
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads