Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Лознани
манастирска црква на Лознанскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Кирил и Методиј или Свети Ѓорѓи[1] — манастирска црква на Лознанскиот манастир.[2]
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во 1990 година.[3]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола. Куполата содржи по една монофора на секоја од четирите страни со поголема површина. Црквата е изградена наизменично од камени и црвени тули, а покриена е со кров од ќерамиди. Влезот е сместен на западната страна и над него има две ниши, од кои првата е полулружна и содржи фреска на Свети Кирил и Методиј, додека втората над неа е кружна и содржи фреска на Богородица Марија. Северната и јужната страна од храмот содржат по една монофора. Внатрешноста на црквата е живописана, а на крајниот лев дел од иконостасот се наоѓа икона на која се прикажани Свети Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи.
Камбанаријата на црквата е сместена во манастирскиот двор. Таа има квадратна основа со по две вертикално поставени монофори на секоја страна. Изградена е од камен и тули, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди.
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата од север
- Влезот на црквата
- Црквата во зима
- Иконостасот
- Икона на Свети Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи
- Живопис во куполата
- Камбанаријата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads