Црква „Св. Константин и Елена“ - Миравци

црква во селото Миравци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Константин и Елена“ - Миравциmap
Remove ads

Свети Константин и Елена — главна селска црква во гевгелиското село Миравци.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во горниот дел на селото, недалеку од патот кој води кон селата Петрово и Габрово. Капелата, кујната и трпезаријата се одвоени од црквата и се сместени на влезот на селото, во непосредна близина на селските гробишта.

Историја

Црквата е изградена во 1860 година.[1] Во 1892 година, првобитната градба била опожарена, но набргу била обновена во 1893 година. Градител на црквата бил Андон Китанов. Во 1989 година, црквата била повторно опожарена и разурната, со исклучок на надворешните ѕидови кои не биле зафатени. Храмот бил повторно обновен во 1990 година.[2]

Во периодот од 2009 до 2013 се изградени кујна и купола, кои се одвоени од дворот на црквата и се наоѓаат на влезот од селото, во непосредна близина на селските гробишта. Според натписната плоча поставена на еден од ѕидовите на овие објекти, тие биле изградени со блаослов и донација на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, градоначалникот на Општина Гевгелија Иван Франгов, како и со донации од месното население на селото Миравци.

Remove ads

Архитектура

Црква

Градбата на црквата е трикорабна, со тавани и и полукружна олтарна апсида на источниот ѕид. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на шест четириаголни столбови во два реда. На јужната и западната страна е изграден нов отворен трем.[2]

Во дворот на црквата се наоѓа и камбанаријата која има осумаголна основа.

Фрескоживопис

По второто опожарување на храмот, внатрешните ѕидови не биле заографисани, со исклучок на внатрешната страна на олтарната апсида која делумно е покриена со нови фрески.[2]

Икони и иконостас

Иконостасот исто така е изработен по последното обновување на црквата во 1990 година.[2]

Кујна и капела

Градбата на кујната има правоаголна основа, а во нејзино продолжение е сместена градбата на капелата која има квадратна основа и претставува крсто-куполна градба со осумаголна купола која се издига над средишниот дел од нејзиниот кров. Двата објекта се обоени во бела боја и се покриени со ќерамиди.

Галерија

Црква
Кујна и капела

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads