Црква „Св. Константин и Елена“ - Соколарци
црква во Соколарци, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Константин и Елена — главна селска црква во кочанското село Соколарци, Македонија.[1]
Црквата претставува парохиски храм на Соколарската парохија.
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена на сретселото.
До 1913 година, околу црквата се наоѓале селските гробишта, кои оттогаш биле преместени и сега се наоѓаат западно од селото.[2]
Историја
Изградена е во 1848 година, а во 1892 година била обновена.[3]
Според истражувачот Јован Трифуноски денешната црква била изградена во 1880 година на место на постара црквичка која еднаш случајно била запалена („изгорела од свеќата на попот“).[2]
Над самиот главен влез во црквата пак стои запишана годината 1890 како година на подигнување.
Фрескоживопис
Црквата не е зографисана.[3]
Икони и иконостас
Иконите во црквата се од XIX век, дело на непознат автор.[3]
Иконите „Богородица со Христос“, „Свети Димитрија“ и „Вознесение Христово“ се изработени во 1895 година, дело на прочуениот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[4][5]
Remove ads
Галерија
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Помошниот објект со камбанаријата
- Базенот за верски обреди
- Западната страна
- Јужната страна
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads