Црква „Св. Ксенија“ - Солун
црква во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света преподобна Ксенија (грчки: Οσίας Ξένη) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Храмот се наоѓа во населбата Харилау, на улица „Мараслис“ бр. 59. Камен-темелникот е поставен во 1953 г. и црквата е осветена од митрополитот Пантелејмон I Солунски на 16 јуни 1967 г. Градбата претставува крстовиден храм со купола, дело на архитектот Јоанис Тирандафилидис. Во храмот се чуваат мошти на Света Ксенија Римска. Мермерниот иконостас и иконите се дело на светогорската работилница на Пахомеите. Во 1985 г. во црковниот двор е изграден културен центар.[2]
Параклис на црквата е стариот храм „Св. Ксенија и Св. Нектариј“, сместен на улица „Папанастасиос“ бр. 27.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads