Црква „Св. Никола“ - Брод
црква во селото Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола или Свети Талалеј – главна селска црква во селото Брод.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во северозападниот дел од селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
Црквата е изградена во 1840 година, во Првата светска војна била разрушена, а во 1990 година била обновена.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна и пред него е доградена мала припрата. На јужната страна има три монофори. Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и е прилепена до југозападниот агол на храмот. Црквата има димензии од 12 × 7 м и е висока 5-6 м. Во внатрешноста на храмот има икони од XIX век коишто се поставени на иконостасот. На северниот ѕид има еден ред столици за седење, а на јужниот ѕид два реда.[2]
Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и помошен објект. На гробиштата се наоѓа гробот на македонскиот револуционер Кољо Добровенски.
Галерија
- Јужната страна
- Влезот
- Апсидата
- Камбанаријата
- Селските гробишта
- Гробот на Кољо Добровенски
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads