Црква „Св. Никола“ - Добромири
црква во селото Добромири From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола или Свети Талалеј – главна селска црква во селото Добромири.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.
Историја
Црквата била изградена во 1886 година, по што била разрушена и обновена во 1926 година, а дообновена во 1951 година. Внатрешноста била зографисана во 2001 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е правоаголна со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна. Храмот има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со застаклена фреска на којашто е прикажан Свети Талалеј. Непосредно пред главниот влез на црквата се издига камбанаријата којашто во горниот дел има по една отворена монофора на секоја страна. Внатрешноста на храмот е делумно зографисана, а во горните делови од ѕидовите се закачени ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот има еден ред со икони над ѓаконските порти и царските двери, но бројни икони се закачени и во неговите долни делови.
Во дворот на црквата се наоѓаат селските гробишта и помошен објект.
Галерија
- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Внатрешноста
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads