Црква „Св. Никола“ - Наколец
црква во селото Наколец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — главна селска црква во селото Наколец, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа во средиштето на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1]
Црквата била изградена во 1884 година, која е исклесана во камен над влезот од јужната страна.[1]
Remove ads
Градба
Црквата „Св. Никола“ се наоѓа во средишниот дел на самото село. Сместена е во оградениот простор, заедно со селските гробишта.[2] Според својата архитектонска градба се вбројува во типот на мали трикорабни псевдобазилики, со петтострана апсида на исток и доградени помошни простории крај западната фасада.[2]
Црквата била изградена во 1884 година, што можеме да го дознаеме од натписот исклесан во камен над јужниот влез во црквата. Во внатрешноста на црквата се влегува од јужната страна и тоа низ еден влез кој води во наосот и еден, кон олтарскиот простор. Јужната фасада во поново време е измалтерисана, така што автентичниот опус на ѕидаријата може да се види само на источниот и северниот ѕид. Кровот е со едноставно решение на две води.[2]
Фрескоживопис
Врз ѕидните површини на наосот и олтарскиот простор не се сочувале траги од постаро сликарство.[2]
Можеби постоечкото сликарство од поново време со лош квалитет е нанесено токму врз постарите насликани партии, со што е нарушена автентичната содржина на црквата.[2]
Иконостас
Наосот е издвоен од нартексот со ниска преграда, додека пред олтарскиот дел е иконостасот со три реда на икони. На иконостасот се икони работени од повеќемина анонимни мајстори.[2]
Remove ads
Галерија
- Влезот во црквата заедно со камбанаријата
- Исклесаниот натпис за изградбата на црквата над влезот
- Поглед на гробиштата
- Новата камбанарија изградена во 1993 година
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads