Црква „Св. Никола“ - Пополжани (Леринско)
црква во Пополжани, Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Никола (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου) — доцнопреродбеничка црква во селото Пополжани, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква.
Remove ads
Местоположба


Црквата е сместена на плоштадот во западниот дел на селото.
Историја
Првата црква е изградена од жителите на Пополжани на крајот од XIX век. Како македонско село под врховенството на Бугарска егзархија, храмот долго време не бил осветен од грчкиот мегленски митрополит и осветен е дури во 1891 г. од владиката Синесиј Охридски и Преспански.[1] Црквата била делумно вкопана во земјата и повремено страдала од прелевањето на Јелашка Река, за на крајот да биде соборена под влијание на мократа почва.
Втората (сегашната) црква започнала да се гради во 1908 г. на околу 50 метри југозападно од старата. Новиот храм е изграден со егзархиски ферман и средства подарени од селани отидени на печалба во САД и Јужна Америка. Додека се градела црквата, богослужбата се одржувала во предавалната на училиштето. Градбата е дело на архитектот Јаначе од Охридско и имала две големи куполи; западниата била камбанарија, а средишната имала претстава на Христос Седржителот. Долга е 2 м, а широка е 12 м. Изградбата завршила во 1911 - 1912 г. за кога свештеник бил Стефан Скендеров. Фрескописана е во 1917 г. од зографи од Бел Камен. Официјално е осветена во 1922 г. од мегленскиот епископ Поликарп.
Средишната купола е отстранета во 1950 г. а камбанаријата ја доживеала истата судбина во 1969 г. Потоа е изградена нова камбанарија и покриен трем. За време на Хунтата (1967 - 1973) гробиштата зад црквата се уништени, а богатиот архив на црквата со неговите стари македонски фотографии и документи е запален.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads