Црква „Св. Никола“ - Страишта
црква во Страишта, Мегленско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (грчки: Ναός Αγίου Νικολάου) — црква во селото Страишта, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е изградена околу 1880 г.[2] На фреските во внатрешноста е запишана годината 1885.[1] Храмот е камена трикорабна базилика со полукружен свод, трем и подоцна изградена камбанарија, како е случај со „Св. Димитриј“ во соседно Костурени.[1][3] Има два влеза — од запад и југ. Покривот е калкански со косини на запад и на исток.[1]
Внатре раванот е дрвени над средишниот кораб е насликан Христос Седржител. Иконостасот е дрвен и насликан.[1] Црквата е целосно живописана[2] во 1885 г. од воденскиот зограф Константин Хаџизафиров.[3] Меѓу фреските се Тајната вечера, Молитвата на Христос, Предавништвото на Јуда, Видението на Пророк Исаија, Воскресението Лазарево и Пресвета Богородица.[1]
Црквата е прогласена за историски споменик на 16 мај 1996 г.[3]
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Црква „Св. Никола“ - Страишта на Ризницата ?
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads