Црква „Св. Никола“ - Трговиште (Србија)

црква во Трговиште, Србија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Трговиште (Србија)map
Remove ads

Свети Никола (полн назив: Свети отец Никола Мирликиски Чудотворец; српски: Црква Светог оца Николаја Мирликијског Чудотворца) — православна црква во селото Трговиште, југоисточна Србија. Влегува во состав на Врањската епархија на Српската православна црква.[1]

Кратки факти Свети Никола Мирликиски Чудотворец, Место ...

Храмот е посветен на Свети Никола и изграден е околу 1925 г. Од 1945 до 1978 г. тогашната власт ја конфискувала и користела за други цели. По судсксиот спорт од 1987 г. црквата е повторно ставена во богосложбена функција.[2]

Обновата на црквата почнала со доаѓањето на врањскиот епископ Пахомиј во 1992 г. По нејзината реконструкција и враќањето на нејзината духовна улога, Пахомиј во 1997 г.повторно ја осветил. Иконостасот има 37 икони, а изработен е меѓу 1926 и 1928 г.[3]

Целосната обнова на црквата започнала во 2001 г. Од 2002 до 2004 г. е подигнат и парохискиот дом. Обновата завршила во 2016 г. со изработката на надворешната фасада и внатрешноста на црквата со средства од Владата на Србија и Општина Трговиште.

Remove ads

Поврзано

  • Врањска епархија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads