Црква „Св. Никола Сфранцев“
поранешна црква во Бер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола Сфранцев (грчки: Αγίου Νικολάου του Φραντζή) — поранешна доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија, срушена на почетокот на XX век. На нејзино место е изградена зградата на Општина Бер, а таму кајшто бил олтарот е направен мал параклис со истото име.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓала во центарот на Бер, малку над другата „Воскресение Христово“.[1] Новото параклисче на нејзино место е во северозападниот агол на општинската зграда.
Историја
Црквата првично била манастирска,[1] изградена во средината на XIV век[2] од дедото по мајчина линија на последниот византиски историчар Георги Сфранцес.[1] Како што напишал самиот Сфранцес, при падот на Морејското Деспотство во 1460 г., пред да замине за Крф тој се мислел дали да не замине за Крит или за Бер, каде „наследил убав манастир со името Свети Никола“.[1][3]
Во 1855 година Алфред Делакулонш ја затекол црквата веќе како парохиска. Големиот пожар во Бер во 1862 г. му нанел тешки штети на храмот, но тој бил обновен,[1][4] според сведоштвото на Георгиос Ламбакис од 1901 г., кој ги опишал личните усилби да го спаси храмот од целосна пропаст. Фотографијата на Ламбакис ја покажува црквата како еднокорабен храм со дрвен покрив и голяма тројна олтарна апсида на исток и изобилни керамопластични украси.[5] Полуразрушениот храм го опишал и Габриел Миле во делото „Грчката школа на византиската архитектура“ (L'École grecque dans l'architecture byzantine).[5][6] Во 1908 г. Адолф Штрук го ја затекол црквата оштетна. во уставот на Берската грчка општина од 1912 г. се вели дека храмот е во урнатини како последица од пожар. Урнатините се расчистени и на нивно место е изградена Берската гимназија, подоцна претворена во општинска зграда.[5]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads