Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (1972)

црква од 1972 г. во Свети Павле, Солун From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (1972)map
Remove ads

Свети Павле (грчки: Αγίου Παύλου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Свети Павле, Место ...
Remove ads

Историја

Thumb
Фреска во храмот

Храмот се наоѓа во населбата Кастра, во јужниот крај на истоименото маало Свети Павле (Агиос Павлос), до Пашините градини и под булеварот „Охи“. Тамен-темелникот на храмот е поставен во 1919 г. по иницијатива на Солунското добротворно машко друштво и црквата е завршена во 1922 г. по проект на видниот архитект Ксенофон Пеонидис. Денешната црква е подигната во 1972 г. и зафаќа површина од 4.300 м2. Во црковниот двор има свет извор со мала пештера, во која според преданијата се криел Апостол Павле кога бил гонет од солунците.[1]

Во 1988 г. општината решила дека црквата треба да се сруши, но по интервенцијата на министерот за Македонија и Тракија, Стељос Папатемелис, таа е оставена. Храмот бил центар на парохијата сè до 1992 г. Истата година почнала изградбата на нов парохиски храм на стотина метри јужно.[2] Во 2013 г. старият храм и зелениот појас пред него се обновени. Црквата е одново живописана, а во олтарот се направени важни интервенции.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads