Црква „Св. Петар“ - Радобор

црква во селото Радобор From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петар“ - Радоборmap
Remove ads

Свети Петар (во пишаните извори означувана како Свети Петар и Павле) — главна селска црква во селото Радобор.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата е изградена во 1891 година.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна до која е доградена припрата, а црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна. Над споредниот влез има празна ниша со мермерна плоча на која се испишани податоци за црквата. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, како и помошен објект. Камбанаријата се издига над оградата на дворот од црквата, непсоредно од левата страна на влезната порта. Таа има квадратна основа во долниот и осумаголна во горниот дел. Долниот дел се состои од три скалески подделови. Горниот дел од камбанаријата содржи по два реда монофори, распоредени по една на секоја од осумте страни.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads