Црква „Св. Петка“ - Велес

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Велес
Remove ads

Света Петка црква [1] на југ од градот Велес, веднаш од десната страна на патот за Градско и реката Вардар. Ова здание најпрвин, било параклис, односно молебеник, за некаде во деведесеттите години од минатиот XX век да се преуреди и догради во помала црква. Постоењето на молебеникот-параклисот не е точно утврден, но се претпоставува дека е од понов период. Во периодот од 2005 до 2011 е започната изградба на голем и современ црковен објект со целосен фрескоживопис на ѕидовите во внатрешноста, во кој е вграден и зачуван молебеникот (параклисот). Особено е впечатлива внатрешноста на црквичката во која се наоѓа природен извор на вода за која велешани веруваат дека има исцелителна моќ[2]. Црквата е осветена од страна на митрополитот повардарски г. Агатангел во сослужение со митрополитот европски Пимен и бројно свештенство и присуство на градоначалникот и пратеници од Велес, на 13 ноември 2011 година[3]. Црквата е изградена според архитектонското дело на архитектот Благој Здравев, фрескоживописувањето го извршиле зографите Александар Иванов и Малка Конеска, а иконостасот е дело на Љубомир Бисинов[3].

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads