Црква „Св. Петка“ - Долно Оризари

црква во селото Долно Оризари, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Долно Оризариmap
Remove ads

Свети Николацрква во селото Долно Оризари, Битолско. Сместена во јужниот дел од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Од натписните плочи до влезот на црквата се забележува дека истата била изградена во 1930 година. Познато е дека била подигната на темели од 1860 година.[1]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна, а од неговата десна страна има две натписни плочи со податоци за годината на изградба на црквата и лицата заслужни за нејзината изградба, како и врамена црно-бела икона на Света Петка. Внатрешноста не е зографисана и нема иконостас, а наместо тоа има закачени икони со различна големина пред олтарот.

Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над помошниот објект.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads