Црква „Св. Петка“ - Мусинци
манастирска црква на Мусиничкиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Петка — манастирска црква на Мусиничкиот манастир.[1]
Remove ads
Историја
Црквата била осветена од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар на 6 октомври 2017 година со принесување на свети мошти.[2]
Архитектура
Црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. На секоја од осумте страни од куполата има по една монофора. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има полукружна ниша со фреска на која е прикажана Света Петка. Градбата во целост е обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.
Галерија
- Влезот на црквата
- Куполата на црквата
- Трпезаријата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads