Црква „Св. Петка“ - Струга

црква во Струга From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Стругаmap
Remove ads

Свети Петкамакедонски православен храм која се наоѓа веднаш на самиот десен брег и страна на реката Црн Дрим, на северниот крај на градот Струга. Црквата е сместена спроти Општата болница во градот, на многу прометна сообраќајница.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

На местото на денешната црква уште одамна постоело светилиште на кое Стружани палеле свеќи, се молеле и го одбележувале празникот.

На 21 октомври 1990 година бил поставен камен-темелник, а во 1994 година завршила градбата и била осветена од страна на митрополитот Тимотеј.[1]

Имот

Црковниот имот зафаќал голема површина и се протегал меѓу Голем и Мал Дрим, па северно од неа сè до заобиколниот пат на Струга. Воедно, и денешната спортска сала се наоѓа на некогашниот црковен имот. До 1946 година, нејзиниот имот бил даван под наем и обработуван од сиромашни струшки семејства.[1]

Кражба

Црквата била цел на кражба во текот на 2013 година, кога биле украдени бакарни шандани каде верниците палат свеќи и пари од верниците. Во грабежот немало одземени икони.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads