Црква „Св. Петка“ - Трап

црква во селото Трап From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Трапmap
Remove ads

Света Петка — главна селска црква во селото Трап.[1] Црквата се наоѓа пред влезот на селото и е поврзана со исклучување од левата страна на патот кој води од Могила.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата е изградена во 1830 година, а била обновена по Првата светска војна, како и во 1990-тите години.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Кон јужниот ѕид е доградена припрата, а на оваа страна има влез на црквата. Од западната страна е дограден објект, а на неговиот западен завршеток е сместена камбанаријата која има квадратна основа. Градбата на црквата со припратата, доградениот објект и камбанаријата се покриени со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени селските гробишта.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads