Црква „Св. Преображение“ - Хортач
црква во Хортач, Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свето Преображение (грчки: Μεταμορφώσεως Σωτήρος) — црква во селото Хортач, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата веројатно била гробишниот храм на Хортачкиот манастир „Пресв. Богородица“, основан во XI век и познат од писмените извори. Во селото близу до манастирот има и остатоци од неговото утврдување. Исклучително вредни се фреските во црквата кои датираат од втората половина на XII век (времето на Комнините).[1]
Во 1967 г. црквата е прогласена за споменик културата.[2]
Во 1961 г. крај селото е основан нов манастир.[3][4][5]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
