Црква „Св. Илија“ - Јабланица (селска)

црква во селото Јабланица From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Јабланица (селска)map
Remove ads

Свети Илија — главна селска црква во селото Јабланица.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Во црквата се изведува богослужба за поголемите црковни празници и тука најчесто се изведуваат крштевања и венчавки.[2]

Remove ads

Местоположба

Thumb
Фреска на Пророкот Илија во храмот

Црквата е изградена на едно возвишение, чии падини од трите страни стрмно се спуштаат надолу во еден длабок дол, додека од западната страна се поврзуваат со селскиот пат. Поради тоа, црквата е видлива од сите страна, а нејзината монументалност и покрај тоа што не е многу голема е засилена со слободното пространство без високи дрвја што би ја криеле градбата.[2]

Remove ads

Историја

Според еден натпис што се наоѓа во црквата таа е изградена во 1886 година со доброволна помош на печалбарите. Внатрешноста на црквата е доста скромна со скромен фрескоживопис насликан во поново време и иконостас со плитка резба.[2]

Црквата е посветена на пророкот Св. Илија кој е заштитник на селото. Била повторно осветена во 1996 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2]

Remove ads

Архитектура

Црквата претставува еднокорабна градба, изградена од делкани камења и претставува своевидно ремек дело на јабланичките мајстори-каменорезци.[2]

Во кругот на црквата се наоѓаат неколку гробови на свештеници меѓу кои и на војводата Цветан Ѓероски.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads