Црква „Св. Спас Горни“ - Вевчани
црква во селото Вевчани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вознесение Христово (повеќе позната како Свети Спас Горни) — манастирска црква во селото Вевчани.[1]
Вевчанци, Свети Спас го почитуваат како сопствен заштитник и често го спомнуваат во молитвите.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа западно од Вевчани, на надморска височина од 1.300 метри, на планината Јабланица. Тој е изграден во карпи што е одлика за целиот терен околу него. Источно од него има една голема карпа, надвисната над самиот пат.[2]
Историја
За овој манастир забележал и Нушиќ во 1892 година. Судејќи според иконите, манастирот може да се датира од втората половина на XIX век.[2]
Архитектура
Иконостас
Престолната икона Вознесение Христово е изработена од Крсто Николов од Лазарополе, во декември 1894 година. Иконите на светите апостоли се изработени од Дичо Зограф, без да биде наведена годината. Може да се претпостави дека тоа е 1876 година, кога Дичо ги работел иконите за црквата Св. Никола. Но, најстарата престолна икона е иконата „Св. Никола Чудотворец“, насликана и подарена во 1858 година. Тоа упатува на одредена старост на манастирот, што не мора да значи дека тој пред тоа не постоел.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads