Црква „Св. Троица“ - Битола

црква во Битола From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Света Троица (позната и како Руска црква) — православна црква во градот Битола, Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Поради името Руска црква и самото маало каде што е сместена црквата го носи името Руско маало во Битола.

Историја

Во 1926 година, членовите на Управата на Руската колонија побарале од битолската општина да им отстапат две бараки. Барањето им било одобрено и им биле отстапени двете бараки, со назнака дека ќе бидат вратени доколку не се користат. На крајот, сепак, им била доделена само една барака. Бараката била поставена во мај 1926 година и ги добила традиционалните руски црковни обележја и името Света Троица.[1]

На 20 јуни 1926 година, црквата била осветена. Бидејќи црквата служела за потребите на руските граѓани во Битола, истата го носи и називот Руска црква.[1]

Црквата била активна до 1940 година. По завршувањето на Втората светска војна, започнала да се руинира и фасадата скоро наполно паднала.[1]

Во периодот 1960-1970, извесна баба Стојанка е најмногу заслужна за обновата на црквата во својата денешна форма. Подоцна, баба Стојанка се замонашила како монахиња Херовима.[2]

Remove ads

Архитектура

Црквата била подигната како барака.[1]

Икони и иконостас

Во 1927 година, олтарниот дел бил украсен со икони од иконописецот Иван Мелников.[1]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads