Црква „Сретение Господово“ - Бер (XIV век)
црква од XIV век во Бер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сретение Господово (грчки: Υπαπαντή, Παναγούδα) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. Сава“.[2]
Црквата е подигната во XIV век врз темелите на две претходни цркви, од кои постарата е трикорабна ранохристијанска базилика со нартекс. Внатре е зачуван живопис од XV век — Богородица Поширока од небесата, Благовештение, Свети Роман и Свети Симеон Столпник во олтарот. Во 1706 г. е живописан наосот во карактеристичен стил — на јужниот ѕид се Сретенито Господово, Благовештението и Рождеството, на северната е Оплакувањето на Христа, а на западната се Христос во окови, Распетието и Успението.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads