Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воден

црква во Воден, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воденmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ναός Κοιμήσεως Θεοτόκου), наречена и Стара митрополија (Παλιά Μητρόπολη Έδεσσας) — средновековна црква во градот Воден, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Кратки факти Успение на Пресвета Богородица, Место ...

Црквата се наоѓа во маалото Варош, и според живописот се датира во XIV век. Првично го носела името „Св. Софија“, што се гледа од натписот на макетата претставена на фреска на јужниот ѕид, каде непознат ктитор му ја предава на Христос. Денес храмот е трикорабна базилика со припрата од запад, а порано имала друг изглед, изменет со подоцнежни преправки. За вредни се сметаат столбовите кои се од првобитниот храм; особено е забележителен источниот, каков што се среќава и во италијанскиот град Равена. Забележителни се и иконостасот и владичкиот престол од XVIII век. Зачуваните фрески се од два периода. Најстарата, насликана во 1375 – 1385 или 1389 г. опфаќа три крила и е зачувана во фрагменти. Следните фрески се изработени во XVII век. Веројатно помеѓу 1598 и 1688 г. црквата е преименувана и посветена на Успението Богородично.[1]

Според зографскиот натпис, живописана е и во 1877 г. од зографот Константин Хаџизафиров.

Во 1934 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[3]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads