Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гуменџе

манастир во Гуменџе, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гуменџеmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ἱερός Ναός Κοίμησης της Θεοτόκου) — црква на истоимениот машки манастир во гратчето Гуменџе, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Thumb
Икона на Богородица од црквата.
Кратки факти Успение на Пресвета Богородица, Место ...

Според натписот на неа, црквата е подигната е во 1802 г. како гробишен храм на старите гробишта во југозападниот дел на гратчето. На друг натпис стои дека е обновена во 1837 г. Во средината на XIX век храмот е проширен на запад и на југ со доградба на трем и горна галерија. Црквата е трикорабна базилика со внатрешни димензии од 16,1 × 23,8 м. Трите кораби се одвоени со осум пара столбови, со тоа што последниот пар е зад иконостасот. Галеријата е сместена над тремот и има облик на буквата Г. Олтарот е поликонхален, а нишите на ѓаконикот и жртвеникот не излегуваат од источниот ѕид. Единствената апсида е полукружна одвнатре и осумаголна однадвор, оформена со осум полустолбови со капители. Храмот е граден од речни камења, а целата апсида е од делкани блокови. Главниот влез е од југ, а споредниот од запад. Внатре има фрески на северниот, јужниот и западниот ѕид. Иконостасот, балдахините и проскинитариите се резбани.[1]

Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][4]

Со создавањето на Гуменџиската епархија во 1991 г. храмот станал црква на новооснован манастир. Во 1999 г. црквата повторно претрпела ремонт.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads