Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Делчево
главна црква во Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица (или само Св. Богородица) — православна црква во градот Делчево, претставник на Македонската преродба. Претставува главен храм на Делчевското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е изградена во средината на XIX век. Точни податоци нема, но годината 1858 врежана на надворешниот столб се зема како година на изградба. Во својот труд „Пијанечка Република“, Благој Стоичовски вели дека изградбата завршила во 1856 г.[1][2]
Храмот е трикорабна базилика, без фрескоживопис.[2] Иконите се дело на истакнатите зографи Димитар Андонов Папрадишки, Григориј Пецанов и други автори.[3] Иконата „Успение на Пресвета Богородица“ е дело на мајсторот Димитар Анастасов од Магарево, датирана во 1858 г.[4] Негови се и голем дел од иконостасните икони. Иако облиците се прекумерно стилизирани, тие се претставени со високо уметничко чувство, благодарејќи на умешноста на творецот.[5] Иконостасот направен од дрво. Во 1904 г. северниот ѕид на црквата е срушен во земјотрес. Подоцна црквата е обновена.
Remove ads
Прво училиште во Делчево
Во црковниот двор е зачувана зградата во која е отворено првото училиште во Делчево (тогаш Царево Село).[2]
Слики
- Внатрешноста со иконостасот
- Фасада на храмот
- Информативна табла пред црквата
- Надвратни претстави на Богородица, св. Петка и св. Недела
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads