Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Превој Ѓавато
црква на превојот Ѓавато, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на пресв. Богородица (Св. Богородица) — црква кај битолското село Ѓавато. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена на превојот Ѓавато на патот Битола – Ресен, на тесниот простор помеѓу автопатот А3 и регионалниот пат Р1101. Тука минувал пат уште од античко време и се претпоставува дека селото првично било на ова место. Храмот е изграден во 1971 година. Има улгоа на појдовна точка за многу планинарски патеки на Баба на југ и Плакенска Планина на север.[1]
Во тремот на црквата се вградени антички тули најдени од некропола од доцноантичко време при изградбата на селскиот пат источно од црквата и југоисточно од селото.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads