Црковнословенски јазик

изобличена форма на словенски јазик со скратена употреба From Wikipedia, the free encyclopedia

Црковнословенски јазик
Remove ads

Црковнословенскиот јазикбогослужбен јазик и неговата најчеста форма денес е руска редакција на старословенскиот јазик. Црковнословенскиот јазик е богослужбен јазик на Македонската православна црква — Охридска архиепископија, Бугарската православна црква, Руската православна црква, Српската православна црква, Рутенската католичка црква и останати словенски цркви.

Кратки факти Црковнословенски јазик, Застапен во ...
Remove ads

Податоци

Историски, овој јазик е старословенскиот јазик во ограничена употреба. За разлика од старословенскиот, овој јазик има приспособен изговор и правопис, има замена на стари и изолирани зборови и изрази и слични приспособувања. Црковнословенскиот јазик е јазик кој се пишува со кирилица, за разлика од старословенскиот кој може да се пишува или со кирилица или со глаголица.

Црковнословенскиот јазик претставува подоцнежна фаза на старословенскиот јазик и е продолжение на литургиската традиција воведена од двајцата македонски браќа, светите Кирил и Методиј, кон крајот на 9 век во Нитра, главен град и религиозен и научен центар на Велика Моравија (сместена во денешна Словачка). Таму биле направени првите словенски преводи на Светото писмо и литургијата од коине грчки. По христијанизацијата на Бугарија во 864 година, Свети Климент Охридски и Свети Наум биле од големо значење за источната православна вероисповед и старословенската литургија во Првото бугарско царство.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads