Црнолево
село во Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црнолево или Црналево (албански: Cërnalevë) ― село во областа Гора, во Општина Кукуш на истоимената област, Албанија. Населението брои 620 жители (1989)[1], сочинето од Горанци.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Гора, во северните падини на планината Габрика, над левата страна на Рестеличка Река, на надморска височина од 940 м.
Историја
Во 1900 година, Васил К’нчов го забележал Црнелево како македонско-муслиманско село во областа Гора со 50 куќи.[2][3]
По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија. Според Стефан Младенов во 1916 г. Црнолево (Църнолѐво) било македонско село со 55 куќи.[2][4]
Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Црничево било село со 60 куќи на Македонци-муслимани.[2][5]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads