Чарлс Бебиџ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чарлс Бебиџ (роден 26 декември 1791 година во Лондон) е англиски математичар, аналитички филозоф, машински инженер, научник, творец на првите машини кои би можеле да се програмираат и професор по математика на Кембриџ. [1] Влијанието на неговото размислување игра голема улога во подоцнежниот развој на науката, а некој го нарекува уште и "татко" на компјутерите. Делови од неговите нецелосни машини се наоѓаат во музејот во Лондон. Во 1991 според неговиот дизајн е реконструиран диференцијален мотор. Девет години подоцна, откако е направен реконструиран "дизајн Babbage " откриена е сложеноста на неговите машини за тоа време. Тој имал жена, Georgiana, и многу деца, од кои само три ја доживеале староста. За да се идентификуваат главните грешки во пресметувањето на математички табели, Babbage сакаше да најде метод со кој би можел да се пресметува механички отстранување на можноста за човечка грешка. Три различни фактори имаат влијание врз него:[2] 1. Не сакал неуредност 2. Искуство во работата со логоритамски таблици 3. Занимање за работата со машините за сметање заедно со Вилхемом Шикард (Wilhelm Schickard), Блез Паскал (Blaise Pascal) и Готфрид Лајбниц(Gottfried Leibniz). Својата прва расправа за принципите на сметачките машини ја напишал во писмо пратено 1822 година на господинот Хамфрију Дејвију (Humphry Davy). Бебиџовите машини всушност биле првите компјутери, навистина механички, но сепак знаеле да сметаат. Секако неговите машини не биле завршени поради лични и финансиски проблеми. Бебиџ увидел дека машините можат да работат подобро и поверодостојно од човекот. Иако неговите машини биле огромни, нивната структура била многу слична на денешните компјутери.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |

Remove ads
Образование

Татковото богатство му овозможило пристап до неколку училишта како и помош од неколку приватни професори во текот на неговото основно образование. Во осмата година родителите го праќаат во селско училиште во Алпингтон, близу Ексетер за да се опорави од смртоносната грозница. Неговите родители наредиле неговиот мозок да не се оптоварува а Бебиџ осетил дека тоа прекрасно уживање може да доведе до незрели заклучоци. Потоа многу кратко изучувал во училиштето “King Edward VI” во Тотену, јужен Девон но лошето здравје го натерало некое време да има приватни професори. Потоа запишал академија во “30-student Holmwood academy” во улицата Бејкер во Енфилд. Оваа академија имала добро опремена библиотека која на Бебиџ му овозможува љубов кон математиката. Кога ја напуштил академијата и понатаму продолжиле да му помагаат двајца приватни професори еден од Кембриџ и еден од Оксфорд. Во октомври 1810 година е примен на Кембриџ, Тринити Колеџ (Trinity College). Интензивно го читал Лајбниц, Лагранж, Симпсон, Лакроу а бил многу разочаран во математичките упатствија кои биле достапни на Кембриџ. Како одговор на тоа во 1812 година заедно со Џон Хершел (John Hershel), Џорџ Пикок (George Peacock) и уште неколку његови пријатели го формираат Аналитичкото друштво(Anality Society). Во 1812 преоѓа во Питерхаус (Peterhouse), Кембриџ. Таму бил најдобар математичар но не успеал да дипломира со пофалница. Наместо тоа 1814 добива почесна диплома (диплома со пофалница за најдобри студенти) без претходно направена матурска работа.
Remove ads
Диференцијална машина
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads