Челопеч

From Wikipedia, the free encyclopedia

Челопечmap
Remove ads

Челопеч (бугарски: Челопеч) — село во Западна Бугарија, административен центар на општината Челопеч во Софиската Област. Има население од околу 1.750 жители (2022).[1]

Кратки факти Челопеч Челопеч, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во планинско подрачје, 75 километри источно од главниот град Софија. Низ селото минуваат Подбалканскиот пат и пругата СофијаБургас.

Историја

Во земјиштето на Челопеч, во локалитетите „Гинова могила“ и „Градиште“, биле пронајдени остатоци од населби и градежи кои датираат од античко време. Името на населбата за прв пат се појавува во зачуваните турски документи од 1430 година. Се претпоставува дека постоела за време на Второто Бугарско Царство или е создадена непосредно пред падот на Бугарија под османлиска власт.

Eкономија

Челопеч е едно од најголемите и најбогатите наоѓалишта на бакар-злато-пирит во Европа. Рударството е главна индустрија, што е една од причините за добрата економска состојба на општината.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads