Черти Камен
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Черти Камен — археолошко наоѓалиште во преспанското село Отешево. Претставува голема варовничка карпа помеѓу патот Отешево-Царина и Преспанското Езеро, која во минатото претставувала мал остров, употребувана до ден денес како пештерна црква. Врз основа на името (Од старословенски *čьrtъ, основен превод: „ѓавол“, „демон“, „зол дух“[1]), постоечките запишани преданија, кои според месните жители карпата ја поставиле „ѓаволите“ со цел да го запрат протокот на вода од Преспанското Езеро под Галичица и со тоа да ја поплават Преспанската Котлина, меѓутоа биле спречени од Св. Ѓорѓи, и „преживеаната“ сакрализација, постои можност дека се работи за локација на старо, паганословенско светилиште.[2]
Remove ads
Поврзано[3]
- Камара — населба од доцноантичко време;
- Св. Атанас — црква некропола од римско време;
- Сирхан — осамен наод од римско време;
- Пирк — населба од хеленистичко време;
- Отешево;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads