Честотна модулација

From Wikipedia, the free encyclopedia

Честотна модулација
Remove ads

Честотна модулација или фреквенциска модулација[1][2][3][4] (ЧМ или FM) — вид на аголна модулација при која носечката честота се менува пропорционално на сигналот на корисната информација. Замавот на носечката честота е константна. Со амплитудната и фазната модулација, претставува една од трите основни видови модулации.

Thumb
Приказ на модулацијата. Најгоре — информациски сигнал. Средина — амплитудно модулиран носител. Најдолу — честотно модулиран носител.

Ако сигналот на информацијата е аналоген сигнал (глас, музика), носечката честота ќе се менува континуално во одреден честотен опсег. Ако сигналот на информација е дигитален сигнал, носечката честота може да има две или повеќе дискретни вредности. Во наједноставниот облик, бинарната дигитална честотна модулација, честотата се одржува на една вредност за дигиталната нула, а на друга за единицата.

Remove ads

Честотна или фазна модулација?

Честотната и фазната модулација се многу слични, не е можно да се менува фазата без промена на честотата и обратно. Ги разликуваме само по тоа која особина на носителот директно се менува. Ако директно се менува честотата, а индиректно фазата, станува збор за честотна модулација. Ако директно се менува фазата, а индиректно честотата, станува збор за фазна модулација.

Примена

Комерцијалните радиостаници во опсегот на ултракратките бранови (УКБ) ја користат честотната модулација. Исто така се користи и за пренос на звук во безжичниот телевизиски систем, и многу други жични и безжични комуникациски системи.

Предност на честотната над амплитудната модулација во радиокомуникациите е поголемата отпорност на пречки, а мана ѝ е зафаќање на поголем честотен опсег.

Можни облици на модулација

Да го разгледаме математичкиот израз за синусоиден бран:

v = Vp sin (2πft+θ) или

v = Vp sin (ωt+θ)

каде

Од изразот може да се види дека постојат три начини на модулација во зависност од тоа на кој начин се менува носителот. Тоа се амплитудната, честотната и фазната модулација.

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads