Четврта египетска династија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Четврта египетска династија
Remove ads

Четвртата династија на древниот Египет (династија IV) се одликува како „златна ера“ на Старото Кралство. Династијата IV траела од ок.2613 до 2494  г. п.н.е.[1] Тоа било време на мир и просперитет, како и период во текот на кој се документирала трговијата со други земји.

Thumb
Менкауре и неговата сестра-жена Хамерернебти II
Thumb
Сфинга на Хетеферес II

Четвртата династија предводела во градбата на пирамидите. Релативниот мир на Третата династија им овозможи на владетелите на династијата IV слободно да истражуваат повеќе уметнички и културни определби. Експериментите за градење на фараонот Снофру довеле до еволуција, од мастаби и стилизирани слојни пирамиди, до „вистинските“ пирамиди, како што се оние на висорамнината Гиза. Ниту еден друг период во историјата на Египет не ги достигнал архитектонските достигнувања на Династија IV.[2]

Ова била втора од четирите династии што го сочинуваат „Старото Кралство“, и била дел од златното доба на египетската култура. Четвртата династија се одвивала помеѓу 2613 и 2494 г. п.н.е. Кралот Снофру, првиот крал на четвртата династија, ја држел територијата на древна Либија на Синајскиот Полуостров и Нубија на југ.

Повеќе информации Име на кралот, Хорово (престол) име ...
Thumb
Комплексот на пирамиди во Гиза
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads