Чизми
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чизми се предмет за облекување, кој служи за заштита на стапалото но и подклолениците од надворешните влијанија. Во суштина тие се вид на чевли, чија основна одлика е поголема длабочина.

Историја

Најраните чизми биле составени од два дела, долниот кој бил споредуван со обичните чевли и горниот направен од некој потопол материјал. Околу 1000 година пред новата ере, овие два дела се составиле и така настанале денешните чизми. Секако развојот на чизмите се долгува на народите кои живееле на крајниот север пред сè на Русите, но и на Скандинавците и други. Во 17 век во Европа чизмите добиле пред сè војнички стил. Во новото време тие стануваат и моден детал па се развиваат чизми со потпетица[1].
Remove ads
Видови
Чизмите во зависност од намена можат да се прават од најразлични материјали: кожа, волна, платно, гума, синтетички материјали и др. По големина чизмите можат да бидат: надколенки, подколенки и плитки чизми. Исто така постои и поделба според намената, односно на места на кои можат да се користат. Со оглед на конструкцијата и доколку се користат соодветни материјали чизмите можат да бидат и заштитни пред сè во градежништвото, кај пожарникарите и слично.[2]
Remove ads
Чизмите како мотив во уметноста и во популарната култура
- „Човекот и чизмите“ — кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс.[3]
- „Моите чизми“ — песна на полскиот поет Тимотеуш Карпович.[4]
- „Итар Пејо со туѓи чизми на оро“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.[5]
- „Ракија во чизми“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[6]
- „Шпански чизми“ (англиски: Spanish Boots) — песна на англискиот рок-музичар Џеф Бек (Jeff Beck) од 1969 година.[7]
- „Самовилите носат чизми“ (англиски: Fairies Wear Boots) — песна на британската хард-рок група Блек сабат (Black Sabbath) од 1970 година.[8]
- „Чизми од шпанска кожа“ (англиски: Boots Of Spanish Leather) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1964 година.[9]
- „Валкани чизми“ (англиски: Dirty Boots) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1990 година.[10]
Галерија
- Женски чизми
- Рибарски чизми
- Војнички чизми
- Каубојски чизми
- Работни чизми
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads