Чимборасо

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чимборасо
Remove ads

Чимборасо (шпански: Chimborazo) — неактивен вулкан во состав на Андите во Еквадор. Последната ерупција се случила во околу 550 г.[6]

Кратки факти Чимборасо, Највисока точка ...

Со висина од 6.310 м, Чимборасо е највисока планина во земјата. Највисокиот врв мошне блиску до екваторот. Иако оваа планина не е највисока по надморска височина, фактот што лежи на екваторската испакнатина значи дека нејзиниот врв е најоддалеченото место од центарот (јадрото) на Земјината топка. Планината е претставена на грбот на Еквадор.

Remove ads

Географија

Местоположба

Чимборасо е дел од венецот Кодилјера Оксидентал во состав на Андите во среден Еквадор, 150 км југозападно од главниот град Кито. Врвот се издига 2.500 м над околните гори (~3.500 до 4.000 м), а основата му е широка ~20 км.

При ведри услови, врвот на Чимборасо може да се види од крајбрежниот град Гвајакил, оддалечен речиси 140 км. Најблиски градови до планината се Риобамба (~30 км на југоисток), Амбато (~30 км на североисток) и Гваранда (~25 км на југозапад). Подрачјето околу планината е заштитен резерват[7] кој има за цел да го заштити екосистемот кој претставува живеалиште за автохтоните членови на семејството Камили: викуњата, ламата и алпаката.

Ледник

Врвот на Чимборасо е сосема прекриен со ледник, а некои североисточни ракави се преливаат надолу до висина од 4.600 м. Овој ледник ги снабдуба со вода покраините Боливар и Чимборасо. Ледената маса се има повлечено во изминатите децении, што некои сметаат дека се должи на глобалното затоплување, пепелта од неодамнешната вулканска активност [бел 2] на планината Тунгарауа и природната појава Ел Нињо.[9][10]

Вулканизам

Чимборасо е претежно андезитно-дацитен стратовулкан. Во една бурна ерупција пред околу 35.000 години дел од планината се урнала во лавина, врз чии наноси е изграден градот Риобамба. Вулканот избувнал неколкупати во текот на холоценот. Последниата ерупција се случила во околу 550 г. (± 150 години).[5] Денес вулканот е неактивен.

Најоддалечена точка од центарот на Земјата

Врвот на планината Монт Еверест достигнува најголема надморска височина, но, благодарение на испапченоста на земјата кај екваторот, врвот на Чимборасо е најоддалечената точка на Земјата од нејзиниот центар.[11][12] На второ место е планината Уаскаран, и тоа со мошне мала разлика. Иако надморската височина на Чимборасо е помала за цели 2580 м, врвот е оддалечен од центарот на Земјата 6.384,4 км, што е за 2.168 м подалеку од врвот на Монт Еверест.[бел 3] Меѓутоа, сметајќи по надморска височина, Чимборасо не е ни највисоката планина на Андите.

Прво искачување

Сè до почетокот на XIX век, се сметало дека Чимборасо е највисока планина на светот (надм. височина) и поради тоа постоеле многу обиди за нејзино искачување во XVII и XVIII век. Во 1802, за време на неговата експедиција во Јужна Америка, Александар фон Хумболт, Еме Бонплан и Еквадорецот Карлос Монтуфар се обиделе да ја искачат планината. Достигнувајќи 5.875 м, почнале да патат од висинска болест и затоа морале да се вратат. Во 1831 истиот обид го направиле Жан Батист Бусенго и полковникот Хол, но и тие не стигнале до врвот, туку успеале да ги надминат претходниците со искачените 6.006 м.[13][14] Во 1880, врвот на Чимборасо први го освоиле англискиот истражувач Едвард Вимпер и браќата Луј и Жан-Антоан Карел од Италија. Оца подоцна го повториле со придружба.[15]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads