Чинијарка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чинијарка[1] — алатка за дополнително обработување на земјишта со работни тела во вид на вдлабнат диск (чинија) со пречник од 40-70 см. На оската, која има квадратен пресек, наизменично се наредени дискови и чаури, кои го одредуваат растојанието помеѓу плочите, кое е 15-25 см (кај лесните) и до 31,5 см (кај потешките чинијарки). Секоја чинија (диск) има чистач што се користи за отстранување на залепената земја. Чинијарките имаат две или четири крила кои се под агол од 65-70° во однос на насоката на движење. Според начинот на врзување на крилата се разликуваат следните видови чинијарки:
- чинијарски со еднократно дејство (ако дисковите на сите крила се насочени на едната страна со нивниот конкавен дел),
- чинијарки со двократно дејство (ако дисковите на различни крила се насочени на различни страни со нивниот конкавен дел),
- симетрични и
- асиметрични.

Чинијарките се погодни за дополнителна обработка веднаш по грубото есенско орање, бидејќи дури и на потешки почви многу енергично ги ситнат преостанатите грутки. Со оглед на тоа што, за разлика од браните и култиваторите, го превртува земјиштето, подобро ги заорува растителните остатоци и внесеното стартно ѓубриво. Многу ретко се користат во пролет бидејќи повлажните подлабоки слоеви ги исфрлаат на површината, а со тоа ја губат насобраната зимска влага. Работната длабочина се прилагодува со дополнителното оптоварување и аголот на крилото (со зголемување на аголот, длабочината е поголема).[2][3]
- Основни делови на чинијарки А - чинија (диск); Б - чаура C - чистач на дискот
- Работното тело на чинијарката - чинија (диск).
- Асиметрична двокрилна чинијарка со двократно дејство.
- Симетрична четирикрилна чинијарка со двократно дејство.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads