Чуетел Еџиофор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чуетел Еџиофор
Remove ads

Чуетел Еџиофор,[2] ЗБИ, (/ˈwɨtɛl ˈɛi.fɔr/;[3] роден на 10 јули 1977 г.)[2][4] — англиски глумец.[5]

Кратки факти Чуетел ЕџиофорЗБИ, Роден(а) ...

По запишувањето на националниот младински театар во 1995 година, и добивањето на стипендија за Лондонската академија за музички и драмски уметност, на 19-годишна возраст и поминати три месечни студии, Еџиофор бил избран од Стивен Спилберг да глуми споредна улога во филмот Амистад.[6]

Еџиофор е познат по улогите на Окве во Валкани слатки работи (2002), оперативецот во Серенити: Борба за иднина (2005), Лола во Откачени чизми (2005), Лук во Потомци (2006), Д-р. Адријан Хелмсли во 2012 (2009) и Д-р. Винсент Капур во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Тој го играл Соломон Нортуп во 12 години роб (2013), улога за која добил номинации за Оскар и Златен глобус, како и БАФТА награда за најдобар глумец. Во 2014 година тој бил номиниран за Еми награда за неговата изведба во серијата Играјќи на работ.[7]

Еџиофор е добитник на бројни награди и номинации за глума, вклучувајќи ги наградата БАФТА идна ѕвезда во 2006 година, пет номинации за Златен глобус, и театарската награда Лоренс Оливије за најдобар глумец за неговата изведба во Отело во 2008 година. Истата година, тој бил назначен за офицер на Редот на Британската Империја од Кралицата Елизабета II за придонеси кон уметноста.[8] Тој бил унапреден на заповедник во 2015 година.[9]

Remove ads

Рани години

Еџиофор е роден во Лондон од нигериски родители.[10] Неговиот татко, Аринзе, бил доктор, а неговата мајка, Обиаџулу, била фармацевт. Неговата сестра, Заин Ашер, е дописник за СНН.[11] Во 1988 година, Кога Еџиофор имал 11 години, за време на семејно патување во Нигерија по повод свадба, тој и неговиот татко возеле за Лагос по прославата кога нивната кола се судрила директно со камион. Неговиот татко загинал, но Еџиофор преживеал. Тој бил тешко повреден, и заработил лузни кои сè уште се видливи на неговото чело.[12][13]

Еџиофор започнал да глуми во школски претстави на 14-годишна возраст на колеџот Далвич и се приклучил на националниот младински театар. Тој добил стипендија за Лондонската академија за музички и драмски уметност, но морал да ги напушти студиите по првата година, откако бил избран да глуми во филмот Амистад, режиран од Стивен Спилберг. Тој ја играл насловната улога во претставата Отело во театарот Блумсбјури во септември 1995 година, и повторно во кралскиот театар во Глазгов, во 1996 година, кога глумел наспроти Рејчел Стерлинг која била Дездемона.

Remove ads

Личен живот

Еџиофор бил во врска со канадската глумица и модел Сари Мерсер.[14] Тој е пријател со глумците Бенедикт Камбербач[15] и Идрис Елба.[16] Во 2015 година, Еџиофор ја добил наградата „Global Promise“ од страна на фондацијата The GEANCO Foundation, непрофитна организација за социјална заштита во Западна Африка за неговата хуманитарна работа во Нигерија.[17]

На 12 септември 2016, Еџиофор, заедно со колегите Кејт Бланшет, Питер Капалди, Кит Харингтон, Даглас Бут, Нил Гејман, Кира Најтли, Џулиет Стивенсон, Џеси Ајзенберг, и Стенли Тучи, учествувал во видео од агенцијата за бегалци УНХЦР на ООН со цел да се зголеми свесноста за светската бегалска криза. Во видеото, со наслов "Што тие земале со себе", глумците читаат поема, напишана од Џенифер Токсвиг и инспирирана од основните профили на бегалците, и е дел од кампањата #WithRefugees на УНХЦР, која исто така вклучува петиција до владите да го зголемат бројот на потврдни азил барања, обезбедувајќи им на бегалците засолниште, можност за работа и образование.[18][19]

Remove ads

Филмографија

Филм

Повеќе информации Година, Наслов ...

Телевизија

Повеќе информации Година, Наслов ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads