Чука (Тополчани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чука — археолошко наоѓалиште во прилепското село Тополчани. Претставува населба од неолитот, како и јами од средниот век.
На 300 м југозападно од селото, на самата траса на старата железничка пруга Прилеп-Битола има ниска тумба на која во 1958 и 1975 година се извршени ископувања. Откриени се остатоци од населба со множество фрагменти од керамички садови украсувани со барботин, импресо и сликање со бела боја врз црвена основа, која временски и културно му припаѓа на средниот неолит во Пелагонија, односно на Велушко-породинската културна група.
Исто така, веднаш под хумусниот слој биле откриени две јами, едната со пречник од 1,45 м, а другата од 1,80 м, во кои се најдени фрагменти од средновековна керамика.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads